При крај градежните зафати околу фудбалскиот терен со вештачка трева

Градежните активности кои се одвиваат во СРЦ „Билјанини извори“ за изградба на фудбалскиот терен со вештачка трева влегоа во завршна фаза. Денес, во целост заврши тампонирањето на теренот и започна поставувањето на гео – материјал кој ќе биде подлога на цевките за дренажа. Исто така во текот на денешниот ден ќе бидат поставени цевките за дренажа и миениот камен. По завршувањето на дренажата ќе следи поставување на шахти.

fudbalski_teren_vestacka_4001

Градежните активности околу тампонирањето и поставувањето на дренажата во целост ги изведува ЈП „Нискоградба“.

Инаку фудбалскиот терен на вештачка трева се гради според строгите правилата и стандардите на ФИФА.

fudbalski_teren_vestacka_4002