Еминентни професори од САД – приклучени во наставата по англиски јазик во ОУ „Христо Узунов“

Веќе два дена во ОУ „Христо Узунов“ престојуваат еминентни професори од Соединетите Американски Држави, кои што по нивно барање биле приклучени во наставата по англиски јазик во ова училиште. Тие одржуваат настава во повеќе одделенија од второ, вклучувајќи ги и четврто и шесто одделение, како и во другата смена од прво, трето, петто и седмо одделение.

„Доста интересен пристап кон изведување на наставата, доста интересна за нашите ученици и сме благодарни на колегите од САД кои што не удостоија да одржат едни такви предавања во нашето училиште. Типот и реализацијата на часот се разликува од нашиот дел, еве сакам да упатам и голема благодарност, бидејќи на учениците им беа доделени и материјали од типот на фломастерчиња, моливчиња, и еве реакцијата на учениците беше кога ќе имаме повторно такви предавања со колегите од САД.“– изјави за WebOhrid, директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски.

WebOhrid