Поради неправилности во работењето затворени 15 златарници во Охрид и Струга

Петнаесет златарници и една бетонска база во Охрид и Струга се контролирани во вчерашната заедничка акција на полициски службеници, инспектори од УЈП и Републичкиот пазарен инспекторат.

Притоа констатирани се низа прекршоци по законот за регистрирање на готовински плаќања, законот за платен промет и законот за трговија. Седум златарници во Охрид и осум златарници во Струга како и една бетонска база во Охрид се затворени од страна на Управа за јавни приходи.

Поради неиздавање на фискални сметки на правните субјекти изречени им се парични казни од 3.250 евра и 15 дена затворање на деловниот субјект. На бетонската база во Охрид изречена е парична глоба од 3.250 евра односно 2.500 евра за правниот субјект и 750 евра за одговорното лице.

Во акцијата, пазарниот инспекторат од неколку златарници во Струга одзеде околу четири килограми злато, а во Охрид златен накит од околу 500 грама.