Средба со претставниците на Стоматолошката комора на Македонија и на К4 коморската група на стоматолозите

Претседателот Иванов ги прими претставниците на Стоматолошката комора на Македонија и на К4 коморската група на стоматолозите која што е сочинета од Медицинската комора на Словенија, Стоматолошката комора на БИХ, Хрватската комора по дентална медицина и Стоматолошката комора на Македонија.

На средбата беше разговарано за функцинирањето на стоматолошката здравствена заштита, предизвиците во стоматолошката дејност, како и за седмиот традиционалeн Конгрес на нови технологии во стоматологијата, организиран од К4 коморската група, поддржан од Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов.

Стоматолошката комора на Република Македонија му додели плакета на претседателот Иванов, во знак на благодарност за неговата несебична поддршка на развојот на стоматолошката дејност во Република Македонија.