Градоначалникот на Општина Вевчани, Цветомир Угриноски, денес во Белград ја предводеше делегацијата која оствари средба со Академик Никола Хајдин – Претседател на Српската академија на науките и уметностите (САНУ).
Средбата доаѓа како резултат на поканата на Академик Никола Хајдин и на истата беше разговарано на повеќе теми, меѓукои, соработка помеѓу Општина Вевчани и АУУВ (Академијата за убави уметности Вевчани) од една страна и Српската академија на науките и уметностите, од друга страна.
Исто така, делегацијата предводена од Градоначалникот Угриноски, по повод јубилејот на 160 години од раѓањето на Михајло Пупин, изминативе два дена се наоѓаше во посета на Општина Ковачица, а оствари посета и на Идвор, родното место на Пупин.