Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ започна со реализација на проектот „1000 идеи за подобар Охрид“.
Идејата на УИНТ е преку овој проект да излезе во пресрет на локалната заедница, преку олеснување на секојдневните активности како на граѓаните, така и на приватните компании, јавните претпријатија и сите останати институции во општина Охрид, користејќи ги придобивките на информатичките науки и технологии.
УИНТ реши да одговори на предизвикот т.н. „1000 идеи за подобар Охрид“ преку стратешко приближивање на високото образование, бизнис заедницата, државните институции и граѓаните на Охрид, со цел да придонесе кон развојот на образованието, економијата, здравството, судството, екологијата, сообраќајот, туризмот, промоцијата на културното и историско наследство и генерално подобрувањете на квалитетот на животот во Охрид.
Преку развојот на иновативни решенија за урбаните и социјални проблеми и креирање на технологии достапни за локалната заедница, проектот “1000 идеи за подобар Охрид” цели кон создавање на иновациска мрежа помеѓу Универзитетот за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле ” и локалната заедница, која води кон прогрес во развојот и прифаќање на е-услугите и поставување на нови стандарди за испорака истите во рамките на градот Охрид.
За оваа цел Универитетот ќе спроведе истражување преку кое ќе се детектираат потребите на граѓаните, приватните компании и сите останати институции, кое ќе овозможи информации за понатамошните фази за реализација на проектот.
Вашата идеја во рамките на проектот „1000 идеи за подобар Охрид“ може да ја проследите на е-маил адресата: 1000ideizaohrid@uist.edu.mk.