Под слоганот „Куќа на зборови – куќа на светови” македонското книжевно творештво од 8-12 октомври беше претставено на најголемиот саем за книгата во Франкфурт, на кој на илјадници квадратни метри се претставуваат издавачи и земји од целиот свет …
Автентичниот дизајн на штандот посебно одбраните дела на 18 македонски автори, како и можноста посетителите лично да се запонаат со нив, привлече голема публика. Осумнаесетте автори беа распоредени по шест во три сегменти, секој со различна тема и поврзан со познати мотиви од културното наследство. На штандот беше претставена и современата македонската литература, а беа презентирани и капиталните проекти на Владата и Министерството за култура од областа на издаваштвото, како и Конкурсот за превод на дела на македонски автори од издавачки куќи од странство кој предизвика голем интерес кај странските издавачи.
Концептот на македонското претставување на Саемот на книгата во Франкфурт кое се реализираше со финансиска поддршка на Министерството за култура беше осмислено од универзитетски професори по литература. Комесар на претставувањето беше Здружението на издавачи и книжари на Македонија.