Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0.2% на месечно, а се пониски за 1.3% на годишно ниво.
Во септември 2014, во споредба со август 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.5% и Енергија за 0.2%, додека во групата Интермедијарни производи, освен енергија и во групата Трајни производи за широка потрошувачка, се останати на исто ниво.
Во септември 2014, во споредба со септември 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Капитални производи за 5.2%, во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.2% и во групата Енергија за 1.4%.