Најпопуларниот хрватски пејач, Тони Цетински, на 28 Ноември доаѓа во Скопје. На својот прв и најголем солистички концерт во Македонија, во организација на План Б Продукција, човекот глас доаѓа откако во 2005 година, Македонија имаше можност да го запознае како пријател на Тоше Проески во заедничката дуетска песна “Лагала нас мала”.
Во 2007 Тони Цетински застана рамо до рамо со Мајкл Болтон и Хозе Карерас, денес во 2014 сцената во Скопје сцената ќе ја подели со голем број музички соработници, гости и пријатели. Откако пред неколку дена, ја снимија заедничката “Заблуда” со Жељко Јоксимовиќ, рушат рекорди на слушаност во регионот.
“Опет си победила”, “Онај ко те љуби сретан је”, “23 декември”, “Нека те одведе”, “Ако то се зове љубав” се само мал дел од хитовите кои што ја бележат кариерата на пејач од рангот на Тони Цетински.
Концертот во Скопје, ќе биде единствен по многу нешта. Нема да биде како и секој друг поп концерт, затоа што Цетински најавува и оперски елементи, голем оркестар кој што ќе го придружува, хумор, глума но пред се музички интензитет во кој што ќе уживаат сите генерации.
Влезниците за концертот, ќе бидат пуштени во продажба во понеделник (20 октомври), по цена од: партер стоење – 400 денари, трибина – 600 денари, фан пит – 600 денари и ВИП – 1200. Оваа промотивна цена на влезниците, останува до 16 ноември. Резервации на телефон: 072 680803.
Тони Цетински е роден 1969 година во Пула. Детството го памети како релаксирано и мирно во семејната куќа во Ровињ. Музичките почетоци ги бележи во музичка градинка во Хрватска. Освен што учел музика, паралелно учел да биде и угостител. Затоа за себе подоцна ќе рече: “Јас не ја одбрав музиката, музиката ме одбра мене затоа што не размислував дали ќе бидам популарен и дали ќе живеам од не”.
Првите настапи биле во семејната дневна соба, и таму знаел за своето музицирање и пеење, да им наплати влезница на своите родители, роднини и пријатели.
1988 година, го издава својот прв албум “Срце никад не лаже” и од Ровињ се сели во Загреб. И тука почнува сериозната музичка кариера. Го препознаваат по долгата виткана коса и благодарение на нејзе, го добива прекарот “малиот Моцарт”
Во својата биграфија, ќе забележи и настап на евровизиската сцена и концерти низ цела поранешна Југославија. И дома и надвор од границите на Хрватска, го сакаат подеднакво и во еден глас ги пеат неговите стихови.