Зголемен бројот на туристи и бројот на ноќевања

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во август 2014 година изнесува 145 445, а бројот на ноќевањата изнесува 630 230.

Бројот на туристите во август 2014 година, во однос на август 2013 година, е зголемен за 14.0%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 7.4%.

Бројот на домашните туристи во август 2014 година, во однос на август 2013 година, е зголемен за 12.2%, а бројот на странските туристи е зголемен за 16.8%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во август 2014 година, во однос на август 2013 година, е зголемен за 6.2%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 11.9%.

Во периодот јануари- август 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 5.9% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2.3%, а кај странските има зголемување за 9.0%.

Во периодот јануари- август 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 2.1% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 0.9%, а кај странските има зголемување за 7.4%.