Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од 09ти до 11ти октомври, 2014 година ја промовираше Македонија на интернационалниот саем за туризам TTG Incontri во Римини, Италија 2014 година.
Интернационалната туристичка манифестација TTG Incontri е единствената што се одржува на просторите на Италија и која е целосно посветена на B2B бизнис состаноци, фокусирана е на вмрежување на понудата и побарувачката.
За интернационалните учесници TTG Incontri е единствената место каде може успешно да се пристапи кон италјанскиот пазар на туризам.
Годинава повторно беше форум за презентација на повеќеод 60 земји со над 1000 туроператори учесници, како и фрекфенција од над 52.000 останати претставници на туроператори кои беа присутни на самиот саем.
На овој саем Република Македонија е претставена за прв пат во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на РМ, со што на мапата на светот се претстави како привлечна и потенцијална дестинација која нуди големи можности за соработка и вмрежување помеѓу туристичките фактори.
На саемот учествуваа претставници од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Свое учество на македонскиот штанд како ко-егзибитор имаше и туристичката агенција Go Balkans.
Според информациите кои ги добивме од нивна страна, TTG Incontri го оценуваат како доста успешен саем за нив, каде имале можност да остварат голем број на контакти и секако потенцијални идни соработки.
Македонија успешно беше претставена како сериозен учесник на еден од најважните интернационални B2B ориентирани манифестации. Беа остварени средби со повеќе од 50 туроператори ориентирани за outgoing туризам меѓу кои едни од најголемите тур оператори на Италија, како што се Malatesta Viaggi, Viaggi delElefante, Intermar, AlbaTravel и др. До крајот на 2014 година АППТ на РМ, ќе учествува на интернационалните саемски манифестации во Познан-Полска, Лондон и Измир-Турција.