ОУ „Кочо Рацин“ доби донација на нагледни средства по физика

Деновиве основното училиште „Кочо Рацин“ од Охрид оствари успешна соработка со фирмата ЛТХ „Леарница“ од Охрид. Имено од страна на ЛТХ „Леарница“ на чело со Роберт Водушек како главен менаџер на фирмата беше одобрена донација за нагледни средства.

Еднократната парична помош беше искористена да се подобри наставата по физика со нови нагледни средства. Училиштето испраќа голема благодарност до нив за разбирањето и соработката.

Искрено се надеваат дека соработки од ваков тип, во кои би биле вклучени локални бизнисмени или фирми, со цел осовременување на наставниот процес, ќе се зголемат. Збогатувајќи го училиштето со наставни помагала се овозможува да се осовремени самата настава, а од тоа придобивките се позадоволни и подобро научени идни генерации во нашето општество – велат од училиштето. Овде нема да запре соработката со мало-стопанствениците од градот, најавуваат од училиштето. Најавени се и други соработки за кои во иднина ќе се зборува.

DonacijaOUKocoRacin02