Проект – Младите како носители на културата, традицијата и знаењето во Општина Охрид

Имплементацијата на првата работилница од проектот ,,Младите како носители на културата,традицијата и знаењето” проект финансиран од Министерство за култура започна денеска со практична изработка на накит од бисер и филигран.

Заинтересираноста на учесниците за осмислување, дизајнирање и активно учество во презентација на нови иновативни модели беше на завидно ниво. Целта за поттикнување на креативниот дух на локалното население се покажа како повеќе од остварлива зашто учесниците на денешната работилница изразија желба за конкретна обука за изработка на филигран и бисер, занает кој во нашиот град полека ја губи битката со времето.

Со проектот предвидено е да се одржат уште две работилници со цел обука на младото население а во насока на зачувување на културата и традицијата.

Втората работилница ќе биде наосчена кон подготовка и добро пакување на традиционалната храна со главен акцент на креативниот начин на подготовка со добар естетски изглед.

Третата работилница ќе биде насочена кон зачувување на традиционалното а во насока на воведување на нови иновативни моменти преку изработка на електронска брошура.

Дополнително заинтересираните лица ќе бидат информирани за точниот термин за одржување на останатите работилници.

rabotilnica_TLER_1_4853