Генералниот секретар на СДСМ Спасовски ги посети жителите од Теарце на Денот на гравот

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска ги посети жителите на тетовско Теарце, каде по петти пат се организирана манифестацијата Денот на гравот.

Со жителите на Теарце и околните населени места од овој регион под Шара, Спасовски разговараше за можностите за брендирање на локалните производи, како што е познатата сорта грав тетовец.

Покрај промоцијата на препознатливиот белег за овој регион, жителите на Теарце го покажаа своето гостопримство и го споделија искуството во подготвување на традицоналните специјалитети.

ТеарцеСДСМ2