Повторно се тресе тлото во Охрид

Повторно се затресе тлото во Охрид. По почувствуваниот земјотрес во 17:18, кој беше со епицентар во Охрид, овој пат во 19 часот и 30 минути беше почувствуван нешто посилен земјотрес.

Според податоците од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет – Скопје, епицентарот на овој земјотрес е речиси на исто место со претходниот, 7 километри североисточно од Охрид, во близина на Косел, со интензитет од 3,1 степен на длабочина од 2 километри.

WebOhrid