Прв Охридски 7–мо Ноемвриски турнир во баскет во СРЦ „Билјанини Извори“

СРЦ „Билјанини Извори“ – Охрид, по повод чествувањето на 7–ми Ноември, како ден на ослободувањето на град Охрид, од оваа година започнува една нова традиција, организирање на турнир во баскет 3 x 3.

Турнирот ќе биде одлична можност за сите вљубеници во најпопуларниот рекреативен спорт на планетата со повеќе од 250 милиони играчи ширум светот, да им даде можност на сите „баскетџии“ од Охрид, Струга и пошироко, да покажат што научиле од илјадниците одиграни партии баскет.

Сите заинтересирани треба да состават своја екипа 3+1 (играч), да пополнат апликација за учество и да уплатат котизација во висина од 1000 денари по екипа на жиро с-ка 530000200889310 Охридска Банка АД Охрид.

Пријавувањето на екипите и подигнувањето на апликација може да се врши во просториите на ЈП „Билјанини Извори“ – Охрид или на e-mail: biljaniniizvori@gmail.com и facebook: Ј.П. Билјанини Извори – Охрид од 25.10 – 03.11.2014 година.

За најуспешните три екипи обезбедени се вредни парични награди од страна на главниот покровител на настанот Општина Охрид, организаторот на турнирот ЈП „Билјанини Извори“ и од собраните средства од котизација.