Кривична пријава за охриѓанец поради тешка кражба во маркет

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ф. (33) од Охрид.

Пријавениот, кривичното дело го сторил на 11 овој месец околу 03 часот во маркетот „Ем“ на улицата „Партизанска“ во Охрид. Тој од фрижидерот и рафтовите земал неколку паштети, салами, леб и други производи по што одбил да ја плати сметката и заминал од маркетот.

Пријавениот го игнорирал барањето на вработената за наплата на сметката дрско реагирајќи дека нема потреба од плаќање и упатувајќи поздрав до сопственикот на маркетот.