ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста да го реши својот просторен проблем, СДСМ -Охрид го лекува со неосновано напаѓање на ВМРО-ДПМНЕ

Во врска со денешната прес-конференција на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ, во која стои:

„Стана вообичаена и нормална пракса партијата која ништо не работи за што 9 изборни циклуси во континуитет е казнета од граѓаните на Македонија и Охрид да ги критикува тие што секојдневно создаваат и работат за доброто на граѓаните.

Неспособноста да го реши својот просторен проблем, СДСМ -Охрид го лекува со неосновано напаѓање на ВМРО-ДПМНЕ.

Свежи се сеќавањата на охриѓани дека СДСМ- Охрид поради неплатен месечен надомест – кирија беше протерана од просториите на улица „Туристичка“ за повторно привремено решение да најде во просториите на улица „Партизанска“.

Сосема е јасно дека СДСМ е невозможно да води град, а уште помалку држава ако се земе во предвид фактот дека таа не е способна да си обезбеди ни свои партиски простории.

Конфузниот и смешен дел од прес конференцијата во кој се спомнува премиерот Никола Груевски веројатно може да си го протолкува само господинот Тунтев и никој друг.

ВМРО –ДПМНЕ изразува жалење што гневот од тоталниот политички пораз СДСМ го фрла на товар на граѓаните на Охрид затоа што исмевајќи ги капиталните проекти од областа на инфра структурата кои со средства од Светска Банка ќе ги гради општина Охрид, директно ги навредува нив.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи во интерес на Охрид и охриѓани и повеќе нема време да се занимава со ден губитници кои повеќе од очигледно немаат што да прават со себе па ги заморуваат граѓаните со очајнички прес конференции или соопштенија.“– стои во реакцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.