Познати имињата на фудбалските тренери од школата на Барселона кои ќе дојдат во Охрид

Jesus Almansa Monserat , Jonatan Lopez Albiach, Marc Montero Casado, Guillem Costa Pinazo, Albert Batalla Fernandez, Oriol Gutez Lopez, Hector Carmona Pastor, ова се имињата на тренерите од фудбалската школа од ФК Барселона кои во периодот од 21-27.08. 2017 год. ќе ги пренесат своите фудбалски вештини и знаења на учесниците во фудбалскиот камп кој што ќе се одржи на терените на СРЦ „Билјанини Извори“.

На кампот ќе можат да земат учество деца од 6-16 години кои истите ќе ги учат фудбалските вештини од врвни фудбалски тренери на фудбалската школа на ФК Барселона, а тренинзите ќе бидат поделени во две групи од 6-10 год. и 10-16 години.

По барање на учесниците и големиот интерес за учество во фудбалскиот камп, пријавувањето продолжува до 16.08.2017 год.