Поради изведување градежни зафати на патната делница Подмоље-Струга (стар пат), денес до 16 часот овој патен правец ќе биде затворен за сообраќај. Градежните зафати ќе се изведуваат на потегот од Подмоље до Евро хотел поради што сообраќајот ќе биде пренасочен кон магистралниот пат Подмоље-Ќафасан.
До возачите на патнички и други моторни возила СВР Охрид упатува апел за почитување на поставената светлосна сигнализација се со цел безбедно одвивање на сообраќајот на овој патен правец.