Се расчистува речното корито на река Грашница

По налог на Општинскиот инспекторат екипите на „Јавна хигиена“ го расчистуваат речното корито на река Грашница и околниот простор, на потегот од „Булевар Туристичка“ до пресекот со ул. „Гоце Делчев“.

„Речното корито се расчистува рачно од натрупаниот отпад, како и израснатата вегетација, а околниот простор на двете страни од речното користо се коси и се уредува.“– велат од ЈП „Охридски Комуналец.

Оттаму додаваат дека со овие активности ќе се обезбеди непречен тек на речните води и ќе се минимизира можноста за поплавување на околното земјиште .