ВМРО – Народна партија Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:
„ВМРО – Народна партија го поздравува отпочнувањето на училишната спортска лига помеѓу средните и основните училишта во Охрид. Спортот е една од најважните гранки каде децата треба во што поголем број да се насочат. Во модерното време, и повеќе од потребно е децата да ги совладуваат спортските вештини.
После една и пол година инсистирање на советникот на ВМРО – Народна партија, Јоне Станковски во Советот на Општина Охрид повторно да почне овој проект кој е многу значаен за развојот на училишниот спорт, т.н. градски власти конечно го прифатија проектот кој во континуитет и во минатото се организираше со професорите по физичка култура односно со Сојузот на училиштен спорт.
На децата им посакуваме успех и лесно совладување на спортските вештини и во иднина некој од нив да го гледаме како ги брани репрезентативните бои на македонскиот дрес во било кој спорт. ВМРО – Народна партија секогаш ќе дава поддршка за ваквите проекти кои носат поубава иднина за децата и младите.“ – стои во соопштението од ВМРО-НП.