Синоќа во Основното училиште „Христо Узунов“ се одржа традиционалната Меѓугенерациска средба на учениците и пензионерите.Средбата ја организираа ЗП охрид и Дебрца и ОУ ,,Христо Узунов,, и Месниот огранок Горна Влашка Маала.
Од името на Локалната самоуправа Меѓугенерациската средба ја поздрави заменик-градоначалникот на Охрид Ангел Јанев, а потоа, претседателот на ЗП Охрид и Дебрца Ѓорѓи Трпчески,директорот на О.У “Христо Узунов“, Тони Симоновски и претседателот на Месниок огранок на пензионерите на Горна Влашка Маала Слободан Пупиноски. Тие во поздравните обраќања, истакнаа дека, средбата има за цел да ги зближи пензионерите во меѓусебното комуницирање со најмладите- децата и учениците,како и нивните родители и наставници, со што се премостува големиот генерациски јаз меѓу најмладите и највозрасните,кој и може да биде позитивен пример како во семејството во училиштето и пошироко во заедницата. Затоа и оваа средба го има мотото, Меѓугенерациска средба, мудроста на постарите и младоста на децата, да се сплотат во меѓусебна љубов, почит и соработка.
Во културно-уметничкиот дел од Меѓугенерациската средба на пензионерите и учениците, Училишниот хор и Драмската секција под раководство на наставничката по музичко Вера Булоска, настапија со неколку музички точки,рецитации и хумор, а потоа КУД при ЗП Охрид и Дебрца, исполни сплет охридски староградски песни.
За успешната соработка и придонесот во организирањето на оваа традиционална Меѓугенерациска средба, Претседтаелот на Извршниот одбор Ѓорѓи Трпчески и секретарот Стефан Владимиров, им врачија Признанија и Благодарници на училиштето ,,Христо Узунов,, на директорот м-р Тони Симоновски, на професорот по музика Илија Булоски и претседателот на Месниот огранок Горна Влашка Маала Слободан Пупиноски.
Предходно, пензионерите и учениците од истото училиште одржаа дебата на тема: како се стигнува до пензионер,каков е стандардот на пензионерите и за односот на пензионерите со децата и младите во семејството.