Младински Совет Охрид, тимот на Bezomrazno.mk и специјалниот гостин Пеце – Суперхикс ќе одржат интерактивната промоција на конкурсот за групни јавни перформанси (flash mobs), кои илустрираат позитивна порака против говорот на омраза.
Промоцијата ќе се одржи денес (среда), во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, со почеток во 12.30 часот.
„На настанот ќе поразговараме за говорот на омраза во јавната комуникација, ќе им помогнеме на потенцијалните грантисти да ги формулирате своите идеи за јавни групни перформанси преку практични примери, и секако, ќе одговориме на сите прашања поврзани со начинот на аплицирање.“– велат од МСО.
Конкурсот „Со креативност и младински активизам против говорот на омраза“ е отворен за сите формални и неформални граѓански организации и движења, активисти – поединци, како и за сите граѓани на Македонија на возраст до 30 години. Најдобрите три апликации на конкурсот ќе добијат по 100.000 денари за реализација на перформансот.
Целосните информации поврзани со конкурсот се достапни на следниот линк:
http://bezomrazno.mk/so-kreativnost-i-mladinski-aktivizam-protiv-govorot-na-omraza/.