„Пат околу светот“ изведена за основците од ОУ „Дебрца“

Народен театар Охрид вчера гостуваше во Општина Дебрца, село Мешеишта со детската претстава „Пат околу светот“, во режија на Драгана Таневска, а во изведба на актерите Билјана Билаловиќ, Сашо Ристески, Павел Маслов, Ивица Цонев.

Претставата беше изведена за учениците од I до IV одделение од ОУ „Дебрца“.