СДСМ: Законот за работни односи и Правилниците за работа на Јавните претпријатија мора да се почитуваат

ОО на СДСМ Охрид, денес испрати реакција на вчерашното реагирање на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид. Во неа стои:

„Самата ВМРО-ДПМНЕ вчера потврди дека оваа партија кажува кој вработен во јавното претпријатие „Охридски комуналец“  треба да биде казнет.

ВМРО-ДПМНЕ нема право да носи вакви одлуки со кои неправедно им се нанесува штета на работниците. Законот за работни односи и Правилниците  за работа на Јавните претпријатија мора да се почитуваат.

Единствен белег на осумгодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ ќе остане казнената политика која оваа власт ја спроведува кон граѓаните и работниците. Високите казни и големите глоби се единствен извор на полнење на празниот државен буџет.

Оваа казнена политика ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески ја пресликаа и на локално ниво.

Нема оправдување за непотребни и неправедни казни за работниците кои со своите ниски примања едвај крпат месец за месец.

Раководниот тим на ЈП „Охридски комуналец“ наместо неправедно да ги казнува  работнците подобро ќе биде да работи на решавање на проблемите со јавната чистота во Охрид, за што се платени од граѓаните.“– стои во реакцијата.