Во врска со соопштението на ВМРО-НП Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, во која се вели:
„Вообичаено во сопствен стил, ВМРО-НП го критикува секој добар проект реализиран од градоначалникот Никола Бакрачески кој е во полза на младите охриѓани, настојувајќи успесите на новото локално раководство на ВМРО- ДПМНЕ да си ги препише на сопствена сметка.
Факт е дека за прв пат во историјата на Охрид по иницијатива на градоначалникот Никола Бакрачески , Општината почна да доделува стипендии за талентирани ученици и студенти. Уште подобро е што локалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ создава услови бројот на добитници на паричната помош во континуитет од година во година да расте.
Општината од 2006 година доделуваше помош но само за студенти и тоа од социјално ранливите семејства . Значи талентираноста не беше еден од основните критериуми за доделување на надоместокот. Стипендиите за основците и средношколците воопшто не се доделуваа, односно проектот за прв пат го воведе градоначалникот Никола Бакрачески.
Во интерес на вистината и во насока на пласирање точни информации од ВМРО-НП нека ја проверуваат точноста на она што го изнесуваат , на тој начин и себе си ќе се поштедат од идните сопствени јавни бламажи.“- стои во реакцијата.