Екипите на МЈП „ПРОАКВА“, РЕ Водовод Охрид, вчера завршија со изведба на крак од нова водоводна линија на улицата „Будва“ пред предвидениот рок. Профилот на линијата изнесува ф 63 мм и е во должина од 100 метри.
Исто така деновиве привршуваат и активностите за уредување на мини – плоштадот во населбата Рача каде заедно со останатите јавни претпријатија, а во координација со Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при Општина Охрид, МЈП „Проаква“ свој придонес даде со поставување на фонтана и обезбедување на водоводна инсталација за истата.