Советот на Општина Охрид на денешната седница го усвои Елаборатот за проценки на штети од поплавите настанати на подрачјето на општина Охрид на 1 февруари 2015 година.Беа прифатени предложените извештаи за реализација на програмите во 2014 година за поттикнување на развојот на туризмот, поддршка на локалниот економски развој, за работењето на одделението за даноци, за работа на одделението за комунални такси, за работа на територијалната противпожарна единица, за реализација на развојната програма за изработка на урбанистички планови за општина Охрид 2014 – 2016, за реализација на програмата за заштита на животната средина и природата, за работењето на секторот за образование, детска, социјална и здравствена заштита, за работењето на секторот за спорт, млади и невладини организации, за работењето на секторот за меѓународна соработка, соработка со УНЕСКО и култура, за реализација на развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2014 – 2016 година за периодот од 01.01. – 31.12.2014 година, за реализација на програмата за други комунални услуги, за реализација на развојната програма за изградба и реконструкција на локални патишта и улици 2014 – 2016 за периодот од 01.01. – 31.12.2014 година, за реализација на развојната програма за јавно осветлување 2014-2016 година за периодот од 01.01. – 31.12.2014 година, за реализација на развојната програма за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води 2014 – 2016 година за периодот од 01.01. – 31.12.2014 година, за реализација на програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање на режим на сообраќај, за реализација на развојната програма за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води 2014 – 2016 година за периодот од 01.01. – 31.12.2014 година, за реализација на програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање на режим на сообраќај, за реализација на развојната програма за изградба на системи за водоснабдување 2014 – 2016 година за периодот од 01.01. – 31.12.2014 година, за реализација на програмата за изградба на сообраќајна сигнализација, за реализација на програмата за јавна чистота, за реализација на програмата за одржување и користење на паркови и зеленило, за реализација на програмата за работа на Советот на општина Охрид, за слободен пристап до информации од јавен карактер, за работата на комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените, за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата за периодот од 01.07. – 31.12.2014 година, а беа прифатени и завршната сметка на буџетот на единицата на локална самоуправа општина Охрид за 2014 година и Извештајот за годишниот попис за 2014 година и Одлука за измена на распоредот на средствата во буџетот на ЕЛС општина Охрид за 2015 година.
На седницата беа усвоени извештаите за работа во 2014 година на МЈП„Проаква“ Струга РЕ Водовод Охрид, ЈП „Нискоградба “ , ЈП „ Градски пазар“ , ЈП „Грaдски гробишта“ , ЈП„Билјанини извори“ и ЈП „Охридски комуналец“ .Зелено светло добија и извештаите за финансиското работење и годишните сметки за 2014 година на ОУ„Христо Узунов“ , ОУ„Григор Прличев“ , ОУ„Св.Климент Охридски“ , ОУ„Братство Единство“ , ОУ„Кoчо Рацин“ , ОУ„Живко Чинго“ с. Велгошти , ОУ„Ванчо Николески“ с.Лескоец, ОУ„Св.Наум Охридски“ с. Пештани, ОМУ„Методи Патче“ , ОСУ„Св. Климент Охридски“ , СОСУ„Св. Кирил и Методиј“ , ОЕМУЦ„Св.Наум Охридски“ , ОУТУ„ Ванчо Питошески“ и ЈОУДГ за деца „Јасна Ристеска“ .
На седницата беа усвоени измените и дополнувањата на Одлуката за усвојување на Годишната програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид за 2015 година, за утврдување на границата на централното градско подрачје на град Охрид, за донесување детален урбанистички план за УЗ 18 УБ 18.1 и дел од 18.2 „Чекоштина“ – општина Охрид, плански период 2011 – 2016 година, за донесување урбанистички план вон населено место за дел од туристички комплекс – локалитет Горица – Св.Стефан – Метропол, опфат 3, општина Охрид, плански период 2010 – 2020 и одлуката за пренесување право на сопственост на моторно возило-цистерна од општина Охрид на ЈП„Охридски комуналец“ .