Пронајдена дрога кај двајца скопјани во Струга

НК за КР Струга поднесе кривична пријава против А.Б.(28) од Скопје за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, псхитропни супстанци и прекурсори“. На 20.07.2014 година, во Струга на ул. „Пабло Неруда“ од страна на полициски службеници пријавениот е затекнат како користи опојна дрога марихуана и при извршен преглед над истиот е пронајдена зипер кеса со 0,42 грама марихуана која ја набавил од лице од Скопје.

НК за КР Струга поднесе кривична пријава против И.Н.(29) од Скопје за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, псхитропни супстанци и прекурсори“. На 06.07.2014 година, од страна на полициски службеници е сопрено патничко возило „БМВ“ управувано од пријавениот и при извршен преглед на возилото и пријавениот се пронајдени 14 грама марихуана и 8,7 грама амфетамин.