ВМРО-НП со соопштение по повод исклучувањето на струјата во СРЦ „Билјанини извори“ и ОУ „Григор Прличев“

ОК на ВМРО-НП Охрид, денес испрати соопштение до медиумите,во кое стои:

„ВМРО – Народна партија по повод најновите исклучувања на училиштето „Григор Прличев“ и СРЦ „Билјанини Извори“ од најпојувањето на ЕВН, нема да ликува, нема да критикува и да го обвинува СДСМ за тоа дали години се „однесувала“ неодговорно или власта на ДПМНЕ која очигледно не е во состојба и не е способна да ги решава проблемите за кои ветуваше дека ќе ги реши, ниту пак судскиот систем кој влечел спор за експропријација над 30 години.

Само јавноста ќе ја потсетиме на нашиот проект за фотовалтични централи за производство на електрична енергија и енергетски независна општина кој го предлагавме на прес-конференција и го доставивиме до Локалната самоуправа и Градоначалникот.

Да имаа грам доблест и визија, денес децата ќе ни одеа на училиште, а во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе се спортуваше.

Повторно ги потсетуваме да го разгледаат овој предлог, да се надрастат себеси и да преминат кон негова реализација, за да не мора да се кријат од јавноста, а да се правдаат на Фејсбук.“– стои во соопштението.