При претрес во домот на охриѓанец пронајдена дрога

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.П.(33) од Охрид, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Во февруари 2014 година, од страна на полициски службеници е забележано лице од Охрид кој излегол од домот на пријавениот, при што кај лицето е пронајдена 0,18 грама наркотична дрога хероин, кој ја купил од пријавениот за сума од 500 денари. Истиот ден, е извршен претрес во домот на пријавениот, при што се пронајдени 0,06 грама хероин.