Во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска се одржа церемонија на свечено менување на државното знаме.
На церемонијата присуствуваа претседателот Иванов, ученици од ООУ.„Александар Македонски”, како и членови на кошаркарскиот клуб „Јуниор” од Скопје.
Промената на државното знаме на Република Македонија пред Кабинетот на Претседателот го изврши гардиската единица на Армијата на Република Македонија.
Церемонијата е со цел подигнување на чувството и почитта кон знамето на Република Македонија како репрезент и симбол на државноста на нашата земја.