Во врска со соопштението на ОО на СДСМ Охрид, испрати рекација ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, во која стои:
„СДСМ се удави во жив песок. Партијата која на улица остави стотици луѓе затоа што избега од одговорноста да им ги плати сработените пари, денес се дрзна да дели некаква правда за охриѓани кои работат во воспитно- образовните институции во градов. Како безобразие и срам!
Со денешниот потег на локалната власт, односно со започнатиот процес на склучување спогодби за исплата на парични средства кон лицата кои минатата власт работно ги ангажирала во воспитно-образовните институции, власта на ВМРО-ДПМНЕ покажа дека ги заштитува граѓаните кои СДСМ безмилосно ги фрли во оган.
Премногу е дрско, партијата која ги изманипулира охриѓани за изборни цели и која ги отфрли како“ стари крпи“ да ја критикува Власта на ВМРО-ДПМНЕ која ги подмирува обврските кон овие лица кои требаше да бидат исплатени од власта на СДСМ.
СДСМ уште еднаш покажа дека си поигрува со судбината на охриѓани и токму поради нечовечноста и нехуманоста оваа партија повторно ќе го допре политичкото дно.“– се вели во реакцијата.