Изминатиот викенд во Благоевград, Република Бугарија се одржа еден од најсилните Таеквондо турнири во Европа „Фалкон Куп 2014“, со учество на 40 клубови од 7 земји.
Јовческа Ангела во категоријата борба со замислен противник (1 куп) го освои сребрениот медал, а во категоријата борби постари-јуниорки до 52 кг исто така го освои 2-то место и сребрениот медал.
Јосифоски Филип во категорија борби – постари јуниори до 57 кг го освои 3-то место и бронзениот медал.
„Таеквондо клубот „Hwarang Fist“ со голема пожртвуваност на родителите и раководството, успеа да испрати 2 натреварувачи на овој турнир. Одлуката да учествуваме и напорите што ги направивме да обезбедиме учество, беше оправдано од страна на нашите натпреварувачи. Напоменуваме дека веќе две години Локалната власт нема никаков слух за овие спортски амбасадори кои многу повеќе и подобро го претставуваат Охрид од нив, кои ги трошат средствата на нивните родители за претставување на Охрид.“ – велат од Таеквондо клубот „Hwarang Fist“ – Охрид.