Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во октомври 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 4.0%, а кај аутпутот е зголемен за 9.1%.
Во октомври 2014 година, во споредба со октомври 2013 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 95.8, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 100.5.
Во делот аутпут, во октомври 2014 година, во споредба со октомври 2013 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 113.3, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 100.6.