ЛДП: Бараме повторно разгледување на можностите за преговори со ЕВН

ОО на ЛДП Охрид, денес испрати реакција во врска со вчерашната вонредна седница на Советот на Општина Охрид. Во реакцијата стои:

„ЛДП ја поздравува вчерашната одлука на советот на Општина Охрид, иако смета дека е недозволиво неколку денови учениците на основното училиште Григор Прличев да посетуваат скратена настава . Уште повеќе, сакаме да потенцираме врз основа на законските рамки Градоначалникот за оваа вредност и за ваков вид позајмица можеше да решава без советниците и без медиумската помпа со вонредна седница. Со ова, за жал не само што не се решава проблемот туку напротив ќе ги зголеми барањата од јавните претпријатија и образовните институции од општината, за кои ќе мора како локална да покажеме подеднаков третман, што води до недоглед како последица.

Од друга страна, граѓаните треба да знаат дека поранешната власт поднела тужба кон ЕВН за долг од од над милион евра, по основ на фактура, заради користење на земјиште од нивна страна кое е во сопственост на општината и на кое се наоѓаат дел од трафостаниците и ормарите. Бараме повторно разгледување на можностите за преговори со ЕВН со цел да се најде најбезболен начин за поравнување, иако апелација пресудила во нивна полза.

Имајќи предвид дека состојбите во Охрид имаат потреба од долгорочни решенија ,ЛДП како сериозна и одговорна партија прашува дали и доколку Општина Охрид е партнер со мини хидроелектрани а соодветно на тоа се претпоставува дека е дел од производство на електирчна енергија, зошто се дозволува јавните претпријатија и обазовните институции да останат без напојување?

ЛДП бара граѓаните да дознаат каков е бенефитот од ваквите партнерства за општина Охрид доколку постојат и дали овие договори ќе бидат предмет на расправа на советот?

Меѓу другото, ЛДП бара од општина Охрид да одговорат за колу се намалени блок дотациите од Министерството за Образование, односно дали преродбата која ја ветуваше ДПМНЕ значи намалување на блок дотациите за образование од 26 милиони на околу 5 милиони денари, прашање кое беше поставено од страна на советникот од ЛДП Деајн Блажески – на вчерашната вонредна седница.“- се вели во реакцијата.