Денес во Тирана започнува Планирачка работна средба на ГИЗ за втората фаза на Проектот за заштита на езерата во Дримскиот Басен. Целта е да се идентификуваат проектни активност за да се зголеми заштитата, мониторингот, трансграничната соработка.
ГИЗ и за втората фаза одвојува средства околу 2 милиони евра за спроведување на нови активности кои ќе поддржат функционирање на прекуграничните тела, ќе го зајакнат мониторингот врз биодиверзитетот на езерата со помагање на Научните институции и ќе ја подигнат важноста за заштита на вредностите
„Отворањето на Дримскиот проект и на Биосферниот резерват отвори и врата за нови инвестиции во заштитата на вредностите на Охридското Езеро и другите езера во басенот. Планираме активности и проекти да ја засилиме интернационалната заштита на водните ресурси и вредностите околу нив“. – вели македонскиот претставник од Билатералниот секретаријат за сливот на Охридското Езеро, Дејан Пановски.