Е-потврди за редовни студенти

Со новиот проект „Е-потврди за редовни студенти“ Фондот овозможи големи придобивки за редовните студенти, кои до сега потврдата за редовно школување требаше да ја заверат во студентски прашања, па да ја достават на шалтерите во подрачните служби на ФЗОМ. Со новиот проект, ФЗОМ секоја нова потврда/промена за редовно школување ја добива по електронски пат
од соодветната образовна установа за високо образование. ФЗОМ го овозоможи ова олеснување за студентите, но како што беше кажана и на прес конференцијата, во првиот семестар одредени факултети укажаа дека треба да направат прво техничко прилагодување и до следниот семестар и тие ќе се приклучат. До тогаш, за овие студенти останува обврската да донесaт потврди во подрачните служби на ФЗОМ.

Досега 80% од редовните студенти во Република Македонија за кои факултетите доставија електронски податоци веднаш забележаа олеснување. За редовните студенти, за кои нивните матични факултети досега не доставиле електронски потврди за редовно студирање до ФЗОМ, потврдитe ќе можат самите студенти да ги достават во печатена форма во било која подрачна служба на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Оваа потврда е обрвска согласно Законот за здравствено осигурување за секој студент од 1992 година. Во прилог подолу се следните виокообразовни институции, кои доставија до ФЗОМ електронски податоци редовно школување, со што студентите без никакви административни формалности и трошоци, им се обезбеди континуирано здравствено осигурување. Економски факултет Скопје Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство Скопје Југоисточно-европски универзитет во Тетово Универзитет Св. Кирил и Методиј-медицински факултет Скопје Филозовски факултет Скопје Градежен факултет Скопје Природно-математички факултет Скопје.