Зголемен бројот на живородени деца во третото тримесечје од годинава

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во третото тримесечје од 2014 година, во споредба со истиот период од претходната година, е зголемен за 1.0% и изнесува 6377 живородени деца.

Бројот на умрените лица во третото тримесечје од 2014 година бележи намалување од 0.7% во споредба со истото тримесечје од 2013 година и изнесува 4533 лице, а од нив 71 се умрени доенчиња.

Природниот прираст изнесува 1844 лица, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е зголемен за 0.6% во споредба со истиот период од 2013 година и изнесува 4392 брака.

Разведените бракови во ова тримесечје од годината бележат зголемување во споредба со истиот период од 2013 година и нивниот број изнесува 506.