Општината организира јавен увид и јавна расправа по извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за УП за с.Пештани КО Пештани

Општина Охрид на ден 03.12.2014 година, организира Јавен увид и Јавна расправа по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за УП за с. Пештани КО Пештани, во мала сала на општина Охрид со почеток во 11.30 часот. Извештајот е изложен од 21.11.2014 до 20.12.2014 год. во просториите на Одделението за заштита и влијание врз животната средина и заинтересираните можат да извршат увид секој работен ден од 8 до 16 часот.

Сите заинтересирани се покануваат да земат учество во расправата, а своето мислење во врска со извештајот можат да го достават до општина Охрид во рок од 30 дена од денот на објавување на оваа информација и тоа преку емаил на urbanizam@ohrid.gov.mk или по пошта на адреса ул. „Димитар Влахов“ бр. 57, Охрид.

НАЦРТ ИЗВЕШТАЈ ЗА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА НА ЖИВОТНАТА
СРЕДИНА ЗА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА С.ПЕШТАНИ КО ПЕШТАНИ.,
ОПШТИНА ОХРИД ПРЕДЛОГ ПЛАН