Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во октомври 2014 година како непроменета во однос на претходниот месец, а понеповолна во однос на октомври 2013. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е поповолна во однос на претходниот месец.
Oценката за обемот на производството во октомври 2014 година е поповолна во однос на претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни, а очекувањата за бројот на вработените се на исто ниво како во претходниот месец. Во октомври 2014 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во октомври 2014 година се намалени во однос на септември 2014 година. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во октомври 2014 година изнесува 61.8% од нормалното искористување.
Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во октомври 2014 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 22.8%, недоволната домашна побарувачка со 19.4%, недостигот на квалификувана работна сила со 15.9% и финансиските проблеми со 9.0%.