Хуманитарна акција на форумот на жени на ОО на СДСМ Охрид

Водени од мотото дека не секогаш е хуман оној што има, но секогаш може да биде хуман оној што сака Форумот на жени на СДСМ ОО Охрид, вчера организираше хуманитарна акција по повод 3-ти Декември, Светскиот ден на лица со хендикеп.

Жените-социјалдемократи приготвија вкусни кулинарски специјалитети кои потоа беа изложени на продажба пред своите сопартијци.

Средствата од продажбата ќе бидат донирани на Здружението родители на деца заболени од целебрална парализа .

„Со оваа хуманитарна акција имаме за цел да упатиме порака до лицата со хендикеп дека СДСМ секогаш ќе се залага за подобрување и олеснување на условите за живот на оваа категорија луѓе, нивно поинтензивно вклучување во општествениот живот и во процесот на трудот, затоа што длабоко сме убедени дека силата не произлегува од физичката конструкција туку ид нескршливоста на волјата.“– велат од ОО на СДСМ Охрид.

SAMSUNG