Вештините во полза на безбедноста во сообраќајот

„Ваквите манифестации колку што ја афирмираат љубовта кон автомобилите и кон брзината истовремено секогаш ја пренесуваат и пораката дека вештините секогаш треба да бидат пред се и во полза на безбедноста во сообраќајот“Ова го изјави министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска пред почетокот на денешното, инаку традиционално авто-рели што се одржа на скопските улици а во организација на општината Гази Баба и АКК “Примо“.

Според Јанкулоска со ваквиот вид на настани може да се даде уште еден значаен придонес во институционалните и општествени напори за сведување на минимум на ризиците во сообраќајот.
Инаку, на релито учестувуваа педесетина пријавени натрпеварувачи а настанот беше надополнет и со своевидна изложба на возила “олдтајмери“.