Одржано Државно првенство во стрелаштво

Во организација на Федерацијата на училишни спортови, а во соработка со стрелачките клубови од Охрид како и Општинскиот стрелачки Сојуз од Охрид, на стрелиштето Бејбунар се одржа државно првенство во стрелаштво на кое учествуваа 70-тина стрелци од основните и средни училишта во државава.

Пласманот е следен:

Основни училишта-машки

1.Димоски Виктор Oхрид 160

2. Димитар Патчев Охрид 154

3. Петрит Аголи Охрид 131

Основни училишта –Женски

1.Ирина Јованоска 162

2. Викторија Тренческа 154

3.Симеона Милеска Охрид 152

Средни училишта-машки

1.Васко Попоски Охрид 175

2. Стефан Ѓорѓиевски 168

3. Христијан Ангелески 167

Средни училишта-женски

1. Емилија Трајкоска 179

2. Јана Маркоска Охрид 172

3. Ана Белла Димеска 172

Кај последните две натпреварувачки имаше идентичен резултат, па според правилата на МССФ подобро пласиран е онај кој има подобра последна серија. Значи од вкупно 12 награди, 6 отидоа кај охридските стрелци, што претставува особен успех, а уште повеќе радува фактот дека се поголем број на деца почнува да се занимава со овај спорт.