Одржана регионална ораторска вечер во Охрид

Во организација на УМС, синоќа во просториите на општинскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ Охрид, се одржа ораторска вечер како една од низата вечери кои се одржуваат во сите изборни единици. На вечерта учество зедоа оратори од повеќе општински комитети од петата изборна единица. Тема на ораторската вечер беше „ПОТРЕБНИ И СМЕ НА МАКЕДОНИЈА – ЕДИНСТВОТО ГРАДИ ИДНИНА“.

„Ова претставува одлична можност за младите да се докажат и истакнат, она за што континуирано се залага Владата на Македонија“, – истакна претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Атанаско Михаилов, кој ги охрабри натпреварувачите и им посака среќа.

Претседателот на УМС – Охрид, Илија Арнаудоски изрази благодарност за одлуката оваа регионална ораторска вечер се одржи во Охрид, токму во градот од каде започнало описменувањето на народите. Од градот на Светите Кирил и Методиј, на Климент Охридски, на Григор Прличев, Живко Чинго,… Тој на наптреварувачите им порача да бидат свои и да дадат се од себе, бидејќи сите тие ќе бидат победници, без разлика кој ќе биде прв, затоа што совладуваат вештина за која во минатото се сметало дека е „Божји дар“.

После презентирањето на говорите, комисијата составена од членови на извршниот комитет на УМС, одлучи за победник да ја прогласи Ангела Илоска, која ќе има шанса својот говор да го претстави во финалето на ораторските вечери во Битола, каде ќе учествуваат победниците од сите изборни единици. Второ пласиран беше Стефан Здравески, а трето Весна Јованоска, на кои им беа врачени награди, а на сите учесници им беа врачени благодарници.

Инаку , говорниците на Ораторската вечер пред својот настап посетуваа обука за Јавен настап и Јавно говорење кај веќе искусниот оратор и дипломиран политиколог, Павел Донески.