Премиерно во Охрид ќе се прикажува филмот „Споменикот на Мајкл Џексон“ 2014

Во деновите 9-ти (вторник), 10-ти (среда), 11-ти (четврток) декември премиерно во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се прикажува филмот „Споменикот на Мајкл Џексон“ 2014, во режија на Дарко Лунгулов, жарн комедија / драма. Почетокот на филмот е во 20.00 часот, а влезот чини 100 денари.

Инфо за филмот… Еден локален бербер во едно српско село доаѓа до идеја да се подигне споменик на Мајкл Џексон да се привлечат туристи од целиот свет. На дел од локалните жители им се допаѓа идејата, а на другите не…