На пригодна свеченост, утре напладне во хотелот „Дрим“ во Струга ќе биде одбележан Отворениот ден на мрежата на невладини организации од Охрид и Струга. На свеченоста, пригодно ќе се изврши приклучување и прифаќање на невладината организација „Зери“ како конститутивен член на мрежата на невладини организации од Охрид и Струга. Посебни гости на отворениот ден ќе бидат учениците од средните училишта во Струга „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“ како и претставници од невладиниот сектор од Кичево.
Целта на асоцијацијата на невладини здруженија е да се подржи локалната полиција во изнаоѓање на решенија за локалните безбедносни проблеми кои ги тиштат граѓаните и изнаоѓање заеднички партнерски активности во постигнување на поголема безбедност на целото подрачје што го покрива СВР Охрид.
Во март годинава, при потпишувањето на договорот за регионално поврзување на невладините организации, МВР, Секторот за внатрешни работи Охрид, мисијата на ОБСЕ во Република Македонија и одделот за сигурност и поддршка на зедниците, ги подржаа невладините организации од Охрид и Струга во напорите за постигнување на заедничката цел-постигнување на поголема безбедност во заедницата и унапредување на соработката со СВР Охрид.