Известување за сите ученици од јавните и приватните средни училишта во РМ кои поднеле електронски апликации за стипендии

Се известуваат сите ученици од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија кои поднесуваа електронски апликации за стипендии (400 социјални, 150 спортски и 50 талентирани) во периодот од 07-ми до 21-ви Ноември 2014-та година, а кои треба да достават документи за пријавената стипендија на ден 03.12.2014 (Среда) – истите да ги достават ден претходно на 02.12.2014 (Вторник) или ден потоа на 04.12.2014 (Четврток) во дадените временски рокови од 9 до 15 часот; бидејќи 03.12.2014 (Среда) е прогласен за неработен ден – Ден на Дрвото.