Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 4-ти декември,(четврток), во црквата „Света Богородица“, – Каменско – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
На светата литургија ќе има и ракопололагање во законски чин.
По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заеднико прославување на овој празник.